ИТ настан: Прилепската академија Микросам организира бесплатна обука за C++

Прилепската академија Микросам организира конкурс за бесплатна обука за програмирање во С++ и линеарни трансформации. Курсот е закажан за 14-ти октомври и ќе се спроведува во наредните четири месеци. Предавањата во текот на курсот ќе ги држат универзитетски професори и искусни инженери. Микросам вели дека на учесниците ќе им обезбеди услови за посетување на курсот, но потсетува дека не доделува дипломи. Курсевите се практичен вовед во програмирањето.

Сите заинтересирани кандидати треба да имаат елементарно познавање на било кој програмски јазик и средношколска математика. Изборот на курсисти ќе се одвива преку тестирање закажано на 8-ми октомври, а ќе се тестира логичко размислување. Конкурсот за кандидати трае до 7-ми октомври, и сите заинтересирани треба да се обратат на akademija(at)mikrosam.com.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии