ИТ Настан: Приклучете се на 13-тото издание на CodeFu!

Се најавува ново издание на CodeFu натпреварот во програмирање кој оваа година се организира по 13-ти пат. Настанот се одржува секоја година и од година во година е поинтересен и подобар. Натпреварот е фокусиран на студентите, апсолвентите и средношколците кои на овој натпревар ќе можат да се запознаат и да решат некои интересни проблеми. CodeFu е поделен во неколку фази. На почеток се квалификациските рунди на кои кандидатите ќе треба да ги покажат своите вештини за влез во финалето. Квалификациските рунди се одржуваат онлајн. Од двете квалификациски рунди се одбираат најдобрите 32 натпреварувачи кои потоа учествуваат во финалето. Квалификациските рунди не се поврзани, па учесниците можат, но не морaат да учествуваат на двете квалификациски рунди. Финалниот натпревар се одржува во City Hall во Скопје.

Датумите кои сите заинтересирани треба да ги закружат во својот календар се следниве:

  • 7 април  од 12:00 до 14:00 – прва квалификациска рунда
  • 12 мај од 12:00 до 14:00 – втора квалификациска рунда
  • 2 јуни – најдобрите 32-ца од онлајн квалификациите учествуваат во финалето

За кого е CodeFu?

CodeFu е натпревар во програмирање наменет за средношколци, студенти, апсолвенти и постдипломци. Студентите и пост-дипломците мора да имаат наполнети 18 години (пред 2 јуни 2019); да бидат активни студенти на додипломски или постдипломски студии; може да се на универзитетите во Македонија или да се македонски државјани кои студираат во странство. Средношколците треба да се македонски државјани или да се образуваат во некоја од гимназиите во Македонија. Оваа година во финалето има 4 резервирани места за најдобрите средношколци.

Натпреварот има награден карактер, па најдобрите ќе добијат ваучери за купување компјутерска опрема. Главната награда за тројцата најдобри на овогодинешното издание на CodeFu е посета на интернационалната конференција Jazoon која се одржува во Берн, Швајцарија. Трошоците (влезница, превоз, сместување) се комплетно покриени од страна на организаторот на натпреварот, Netcetera. Покрај оваа награда, за време на патувањето е организирана и посета на музејот Technorama во Винтертур (Швајцарија).

Како изгледа онлајн квалификациска рунда?

Учесниците ќе добијат 5 проблеми кои треба да ги решат. Во зависност од тежината, секој проблем носи 100, 200, 300, 400 или 500 поени.

Проблемот е презентиран во два дела :

  • Опис на проблемот
  • Тестови и точни решенија за овие случаи

Каде да се пријавам?

За учество на натпреварот потребно е да бидете регистриран CodeFu член. Ова значи дека сите кои веќе учествувале на натпреварот некоја од претходните години треба да се логираат и ќе бидат регистрирани. Сите други секако, ќе треба да се регистрираат.

Повеќе податоци и детали за натпреварот може да пронајдете на страната на настанот.

А, за да се подготвите подобро, погледнете го видеото од CodeFu 2015 и дознајте што ве очекува 😊

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии