ИТ Настан: Пријавете се за учество во добротворниот хакатон „KindHack“

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Програмери, дизајнери и софтвер тестери Symphony Solutions и оваа година ве повикуваат на KindHack. Станува збот за 48 часовен хакатон во кој млади и креативни луѓе изработуваат решенија за олеснување на секојдневните проблеми со кои се соочуваат невладините организации. На крајот од овие 48 часа тимовите ќе имаат демо или готово софтверско решние за некој предизвик со кој се соочуваат невладините организации.

Не станува збор за некакви ако-тогаш проблеми, туку за реални проблеми кои ги пријавуваат невладините организации. Во оваа насока е и повикот до невладините организации кои можат да аплицираат и со проблеми за кои им е потребно решение. Сепак за ова не останува премногу време. Невладините организации имаат до 3 ноември за да ги пријават своите проблеми.

Хакатонот е отворен за сите креативни индивидуалци и тимови кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој на софтвер. За учество на хакатонот, може да се пријавите на следниот линк. Учесниците ќе бидат поделени во тимови од 4 до 6 луѓе. Крајниот рок за пријавување е 20 ноември.

KindHack оваа година се организира по петти пат. Натпреварот ќе се одржи на 23 и 24 ноември во просториите на Симофони Солушнс.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии