Оваа година или поточно лето, ќе се одржи деветтиот по ред Google Summer of Code – програма за студентите кои ќе работат на проекти со слободен и отворен код. Во претходните осум години учествуваа повеќе од 6.000 студенти од повеќе од 100 земји, меѓу кои имаше и околу десетина (шест од хаклабот КИКА) учесници и од Македонија.

Студентите своите пријави ќе може да ги испратат во период од 22 април до 3 мај, додека во период од 18 март до тогаш ќе биде периодот на пријави на организации и нивното објавување, и проектите на кои ќе може да се пријавуваат студентите.

Студентите кои успешно ќе ја завршат програмата ќе добијат стипендија во висина од 5.500 долари, од кои 500 одат во организацијата за која работел, но доколку неговиот производ влезе во главната програма, студентите ја добиваат целата сума. Самата награда е доволен мотив за повеќе студенти да се пријават, а според Керол Смит, вработена во Google, „GSoC е добар начин студентите да го подобар своето знаење во текот на летото и во иднина да работат и подобруваат проекти со отворен код“.

Повеќе информации и одговори на најчесто поставуваните прашања можете да пронајдете на официјалниот вебсајт на Google Summer of Code.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии