ИТ настан: Пријавете се на Million Pound проектот за стартапи и освојте милион фунти

Денес на London Digital Shoreditch фестивалот беше стартувано глобалното натпреварување кое во London ќе го однесе најдобриот стартап и ќе добие инвестиција од еден милион фунти. Целта на овој проект е да се претстави Лондон како една од главните локации за градење на глобални дигитални и технолошки компании.

Целиот проект е поддржан од многу компании и институции, а една од нив е и лондонскиот градоначалник, The Tech City Investment Organisation, City University of London, Schools for Startups и други. Победничкиот стартап покрај милион фунти, ќе добие и менторство од партнерите.

Официјалното стартување на проектот е денес, а сите заинтересирани може да се пријават на www.millionpoundstartup.com/. Натпреварот трае до 29 август, а правилата се објавени на официјалниот сајт.

[youtube]ckIT7mPWs0k[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии