ИТ настан: Пријавете го вашиот сајт за Веб наградите 2011-та

Учејќи од грешките Media Solutions ги организираат вторите по ред Веб награди 2011 за најдобар .мк сајт на годината, најиновативен сајт, најдобар бизнис/корпоративен сајт, најдобар информативен сајт, најдобар сајт за е-трговија, најдобар блог и најдобар форум.

За разлика од минатогодишното фиаско, сега е оставено на корисниците и сопствениците да си номинираат сајт во седумте категории. Секој посетител може да пријави максимум 3 веб сајтови.

Покрај номинирањето, втора новина е што сега во гласањето ќе учествува и публиката. Соодносот на финалните гласови е 60 отсто од жирито, и 40 отсто до публиката. Во моментов на сајтот нема кој ќе биде дел од жирито, туку само критериумите, но од Media Solutions велат дека се испратени поканите, и наскоро ќе бидат откриени и имињата на стручното жири.

  • Гласањето ќе започне на 21.11 и ќе трае до 15.12.2011. Секој корисник може да подели по 3 гласа во секоја категорија, односно 2, 6 или 10 поени.
  • Победниците ќе бидат објавени на 20.12.2011-та и ќе добијат симболично признание за развојот на веб медиумите.

Веб награди 2011-та се организираат под покровителство на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, и Словачката амбасада.

2 коментари на “ИТ настан: Пријавете го вашиот сајт за Веб наградите 2011-та

  1. Предлог за организаторот: да воведе и категорија сајт со најдобра мобилна верзија. Особено затоа што мк сајтовите не посветуваат внимание на мобилни верзии

  2. Значи не можам да си го внесам името на кирилица…. Каков кредибилитет за избор на сајт за годината има организација со сајт како sajtnagodinata.mk…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии