Ако имате креирано е-содржини, веб сервиси или мобилни апликации кои се од значителна вредност на луѓето што живеат во Македонија или во некоја друга земја, тогаш треба да се пријавите на Наградите за креативност и е-содржина на Светскиот самит, или на англиски World Summit Awards. Наградите се под покровителство на Обединетите Нации, и се со цел да ги промовираат дигиталните содржини кои придонесуваат кон подобрување на глобалното општество.
Рокот за пријавување на завршени проекти, не прототипи или презентации, е до 15-ти јули. Проектите можат да бидат за е-бизнис и е-трговија, е-влада и отворени податоци, е-забава, учење, култура, е-здравство и е-медиуми, и е-инклузивност и оспособување.
Прелиминарниот избор ќе го прави национален експерт, а за Македонија тоа е Бардил Јашари од фондацијата Метаморфозис. Сите прашања и содржини можат да му бидат испратени на неговиот имејл. По националниот избор, следи избор од жири во Естонија, а потоа најдобрите проекти од 160 земји ќе бидат претставени на World Congress 2013 во октомври во Шри Ланка. Повеќе информации ќе најдете тука.