Предавање за квантни компјутери и криптологија во хаклабот КИКА

Во хаклабот КИКА, отворена и слободна зона за споделување знаење за машини, електроника, слободен софтвер и слободна култура, е закажано ново интересно предавање закажано за четврток, 10-ти септември, со почеток во 19:00 часот.

Поканета е Симона Самарџиска, која според хаклабот е „најдобриот човек на планетата“, но истовремено и експерт за квантни компјутери кој докторираше во Норвешка на тема „Multivariate public key cryptosystems produced by quasigroups“. Квантните компјутери се нови машини кои не процесираат само 1 или 0, туку процесираат битови кои истовремено можат да бидат во двете состојби. Овој сложен концепт, базиран на квантната механика која не е баш најлесна да се објасни, значи дека наскоро човештвото ќе добие машини кои се илјадници пати помоќни од сегашниве компјутери. Во моментов овие компјутери се уште се истражуваат, но постојат наговестување дека за декада ќе имаме вакви машини.

Дво-часовно предавање на Симона ќе се фокусира на екрпицијата, односно на „Што се квантни компјутери и која е нивната врска со криптологија?“. Предавањето е отворено, секој е поканет да дојде и сподели знаење во КИКА.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии