ИТ Настан: Повик за учество на НАСА хакатон 2020

И во овој период на пандемија и социјално дистанцирање ќе се одржи настанот НАСА хакатон 2020. Во Македонија хакатонот се одржува по 8-ми пат, и е во организација на Њуменс бизнис акцелератор. Натпреварот започнува на 2-ри октомври и ќе трае до 4-ти октомври. Заради условите оваа година ќе се одржи без физичко присуство и ќе биде во целост во виртуелна форма.

Реализацијата и на локалниот настан ќе биде поддржана од глобална виртуелна форма. Преку неа ќе можат да се формираат тимовите и заеднички да се работи на решенијата. Учесниците ќе можат и директно да разговараат со експертите од НАСА кои ги креираа овогодинешните предизвици.

Предноста на тоа што настанот оваа година се одржува виртуелно е што нема потреба да се доаѓа на физичката локација во Скопје. Секој може да учествува од својот дом независно каде се наоѓа. Тимовите можат да бидат составени дури и од учесници кои живеат и работат во странство. Традиционално поддршка на овој хакатон се Американската Амбасада во Скопје, и НАСА, а оваа година партнери на НАСА Хакатон 2020 се уште 4 вселенски агенции и тоа: Канадската агенција(CSA); Француската агенција (CNES); Јапонската агенција (JAXA); и Европската агенција (ESA), кои исто така обезбедуваат податоци, ресурси и експерти.

Пријавувањето за учество заинтересираните најпрво треба да го направат на локалната форма, а потоа и на глобалната страница. По пријавата учесниците ќе добијат покана за учество на онлајн Meet-up сесија каде ќе добијат дополнителни податоци.

Предизвиците на кои ќе може да се работи се организирани во 6 категории и тоа:

  • Набљудувај
  • Информирај
  • Одржи
  • Креирај
  • Спротивстави се
  • Поврзи се
  • или креирај сопствен предизвик

Повеќе информации за настанот и предизвиците може да погледнете тука.

На крајот ќе бидат прогласени 3 победнички тимови кои ќе добијат трофеи и награди, а ќе бидат номинирани и за една од 6-те глобални награди од НАСА со можност да добијат покана за посета на Kennedy Space Центарот во Флорида и да присуствуваат на полетување на ракета, по отворањето на границите со САД.

НАСА Хакатон 2020

NASA KIDS Space Challenge за најмладите

Дополнително оваа година по 6-ти пат се организира и натпревар за најмладите NASA KIDS Space Challenge. Натпреварот е наменет за деца на возраст од 4 до 14 години. Пријавување за NASA KIDS Space Challenge може да се направи тука.

За промени и новости следете ги NASASpaceTechMK и NewMansBA на друштвените мрежи.


NASA Space Space Challenge е најголемиот хакатон во светот. Се одржува истовремено на над 200 локации на 5 континенти и поврзува отворени податоци од вселенските агенции со млади иноватори и решавачи на проблеми. Целта на настанот е да поттикне соработка, креативност и критичко размислување; да поттикне интерес за наука и истражување поврзано со Земјата и Вселената; и да инспирира нови генерации на научници, технолози, дизајнери, инженери и претприемачи. NASA Space Apps Challenge е менаџиран од дивизијата Наука за Земјата во централата на NASA во Вашингтон, САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии