ИТ Настан: Помогнете да се преведе WordPress на македонски

Дејан Соколоски

во Вести

11 мај е  денот посветен на превод на најпопуларниот CMS. Секако станува збор за WordPress, а настанот се одржува и во Македонија. Домаќин на преведувачите е ФИНКИ.

Инаку цел на превод нема да биде само кор делот на WordPress, туку и популарни плагини, теми, документација и сè поврзано со платформата. Секако покрај преводите настанот е одлична можност за среќавање со локалната WordPress заедница.

Станува збор за 24-часовен преведувачки маратон, а секако добредојдени се сите кои сакаат да придонесат за подобар превод.

„Настанот е инспиративен и нуди обука за девелоперите и преведувачите за локализација (i11n) и интернационализација (i18n) на сите аспекти WordPress“, вели организаторот.

Настанот започнува од 14 часот до 16 часот, а организатор се локалните WordPress ентузијасти. За повеќе податоци може да ја посетите Meetup-страницата на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии