ИТ настан: Полноќна премиера на StarCraft 2 – Heart of Swarm и во Скопје

На 11 март, точно на полноќ излегува второто продолжение на StarCraft 2 – Heart of Swarm. Заедно со светската премиера, и овој пат, како што беше со излегувањето на Diablo 3, Niko компјутери ќе организира полноќна продажба. На настанот ќе има мини турнир со награди за присутните, квиз, но пред се ќе биде собир за гејмерите и фановите на овој серијал. 

StarCraft секако не е првата RTS игра, но секако е заслужна за популаризација на жанрот како наследник на Dune и Warcraft, и еедна од ретките стратегии присутни на гејмерските „олимпиjади“. Новото продолжение Heart of Swarm ќе ја донесе кампањата на Зергите.

Продавницата на Niko ќе работи од 21:00 часот на 11.03 до 1:00 часот на 12.03, а гејмерите од Македонија повторно ќе може да бидат дел од полноќната продажба со останатите светски метрополи Берлин, Лондон, Москва, Париз, Стокхолм, Варшава…

[youtube]vCsGTP3-Jlw[/youtube]

1 коментар на “ИТ настан: Полноќна премиера на StarCraft 2 – Heart of Swarm и во Скопје

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии