ИТ Настан: Подгответе се за ново издание на Code Camp

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Image courtesy of Code Camp / Facebook

За околу 10 дена ќе се одржи конференцијата за развивачи на софтвер Code Camp. Ова е една од најголемите конференции кои се одржуваат, а оваа година организаторот очекува над 700, па дури и над 1000 гости.

Интересот и не е изнанадување со оглед на тоа дека ќе се разговара за интересни теми за девелоперите. Посетителите ќе имаат можност да слушаат за нови технолигии, за најдобри пракси во развој на софтвер. Ова се универзални теми и ќе бидат интересни за сите девелопери без разлика на платформата која ја користат.

Code Camp е бесплатна конференција која може да ја следат сите заинтересирани. Настанот ќе има 25 говорници, искусни девелопери дел од успешни компании. Листа на говорници може да ја погледате на Code Camp.

“Фасцинантен е фактот што во првите два часа од отварањето на регистрациите имавме повеќе од 300 регистрирани гости, а до овој момент бројката надмина 500. Овој Code Camp дефинитивно имаме потенцијал да ги надминеме бројките од минатиот,” вели Хајан Селмани, еден од организаторите на настанот, основач на HASELT и претседател на македонската .NET заедница.

Што се однесува за фокусот на темите, навистина секој ќе може да пронајде нешто што ќе му биде интересно:

  • програмски јазици
  • веб развој и UX
  • работа во „облакот“
  • развојни шеми и пракси
  • развој на мобилни и IoT решенија
  • DevOps и микросервиси
  • Машинско учење
  • Пременета наука за податоци
  • бази на податоци
  • архитектура и дизајн
  • перформанси и безбедност

Билети на настанот може да се резервираат на Swarmtix. Настанот се одржува на 17 ноември во просториите на Универзитетот ФОН.