ИТ настан: Спремни ли сте за првиот меѓународен Drupal Camp во Македонија?

Најавени се интересни гости и содржини на првиот Drupal Camp во Македонија, кој ќе се одржи од 2-ри до 3-ти мај на Факултетот за информатички науки и компјутерски инженеринг (ФИНКИ) во Скопје. На кампот, организиран од македонската Drupal заедница и фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа, ќе гостуваат учесници и публика од Германија, Швајцарија, Србија, Бугарија, Албанија и Босна и Херцеговина и Македонија.

Целта на овој камп е да се подигне свеста за постоење и полезноста од користење на Drupal платформата, развивање на заедницата, проширување на знаења и презентација на новини за Drupal, размена на искуства и вмрежување.

Меѓу најреномираните гости е Џефри А. МекГајр, Drupal евангелист од Acquia, кој ќе зборува за како пионирите како Ричард Сталман ги преточи своите идеи во код и ги охрабри луѓето да размислуваат за слободниот софтвер, и како да му најдат практична примена во бизнисот и државните институции. Гостува и Мајкл Шмид, која е главен за технологии во една од поголемите компании кои работат со Drupa, Amazee Labs. Тој ќе зборува за новитетите во Drupal 8. Дејв хол, пак, ќе зборува за како го користи Drupal во својата компанија Dave Hall Consulting, и зошто кодот и содржината се важни.

Регистрацијата и купување на билети се отворени до 30ти Април, а истите можат да се купат на официјалниот сајт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии