ИТ Настан: Почнува петтиот круг на меѓународниот конкурс по програмирање CodeIT

Петтиот круг (Маратон) на Меѓународниот конкурс по програмирање CodeIT ќе започне на 09.04.2018 (понеделник) во 20:00 ч. Ова е предпоследниот прелиминарен онлајн круг пред големото финале, кое ќе се случи на почетокот на месец Јуни.

Учесниците ќе имаат три недели, за да го разработат најдоброто решение за зададената задача. Натпреварувањето ќе се случува онлајн на веб сајтот на CodeIT.

Учесниците на CodeIT се меѓу најдобрите млади програмери, а многу од нив веќе имаат признанија од национални и меѓународни програмерски натпревари. Во натперварот него можат да се вклучат сите кои имаат силен интерес кон алгоритмите и програмирањето без ограничување на возраста.

Рангирањето до сега, резултатите од поединечните кругови, архивата од претходните изданија на натпреварот како и дополнителни важни информации поврзани со маратонот, може да се најдат на следниот линк. Додека, сите прашања поврзани со настанот CodeIT може да ги најдете на нивната Фејсбук групата.

Натпреварот CodeIT, започнал како национален и полека е проширен на меѓународно ниво и се одржува веќе 18 години последователно. Иницијативата има за цел да ги стимулира сите заинтересирани за програмирање и информатички технологии, со што обезбедува платформа за изразување и препознавање на талентот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии