Ahoy Mateys!

На 27-ми март во Скопје ќе пристигне група пирати, но не за да ограбуваат, туку за да ја запознаат македонската стартап сцена. Pirates on Shore се група германски стартап ентузијасти и инвеститори, организатори на European Pirate Summit, кои доаѓаат во Скопје по покана на SuperFounders Skopje. Pirates on Shore во Скопје e дел од европската турнеја на пиратите кои сакаат да ги поканат најдобрите европски стартапи во германски акселератори и на Европскиот пиратски самит во Келн, закажан за септември 2015-та година.

Во рамките на настанот ќе има стартап натпревар, вели Александар Тасев, ко-основач на SuperFounders Skopje, кои ќе можат да се претстават пред потенцијалните инвеститори. Може да учествуваат сите стартапи во рана фаза кои ќе аплицираат на Start програмата на SuperFounders, но ќе добијат шанса и понапредните стартапи кои веќе имаат производ и кленти.

За стартапите ова може да биде одлична шанса да се претстават пред Европа, вели Александар. Гостин ќе биде директорот на Европскиот пиратски самит, Тил Орхман, кој ќе дојде со група на инвеститори, кои бараат три стартапи кои ќе добијат SuperFounders стипендија за двомесечна акселерација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии