ИТ настaн: Панел дискусија со Ambio.ме на единаесетиот Mobile Monday Macedonia

Започнува новата сезона на Mobile Monday Macedonia. Ќе ја отвори Митко Цабевски кој ќе го сподели своето искуство со стартапот Ambio.me со кој се натпреваруваше на SeedCamp во Њу Јорк и беше финалист на WebFest.me. Ambio.me го привлече вниманието на натпреварите бидејќи е ретка идеја на мобилен магазин кој прикажува содржина базирана на локација. Tука ќе прочитате интервју со Митко.

Останувајќи верен на традицијата, единаесетиот Mobile Monday ќе се одржи на првиот понеделник од месецот, се паѓа на 1 октомври, во Клубот на новинари со почеток во 18:30 часот. Сите заинтересирани се поканети да учествуваат на дискусијата на која ќе се разговара со Митко. Ова се темите за дискусијата:

  • Искуството во креирањето на Ambio.me;
  • Искуствата од учеството како финалист на SeedCamp NY 2012 и WebFest;
  • Искуството во креирање на стартап;
  • Трендови во развојот на мобилни апликации;
  • Иднината на мобилните апликации.

Покрај Ambio.me, гости на настанот ќе бидат и претставници на невладината организација ХОПС кои ќе претстават концепт на апликација со цел да пронајдат заинтересирани кои би сакале да ја изработат истата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии