ИТ Настан: Отворени пријавите за HashCode 2021 Macedonia

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Web Factory, Netcetera и Google Developers Group Skopje ве повикуваат на овогодинешното издание на Google HashCode. Специфично е што оваа година нема да има физичко присуство, туку натпреварувачите ќе бидат организирани во виртуелни хабови.

Настанот се одржува на 25 февруари, а регистрациите се веќе отворени. Сите заинтересирани може да се пријават до 22 февруари. Во Македонија има три виртуелни локации: WebFactory, Netcetera и Inellipse – Software Solutions.

Hash Code е тимски, програмерски натпревар, организиран од Google, за студенти и професионалци од целиот свет. Тимовите имаат целосна слобода за избор на својот тим, како и за избор на програмскиот јазик. За време на натпреварот, тимовите ќе треба да ги решат инженерските предизвици кои го поставува Google. Натпреварот е поделен во две рунди; првата е квалификациска, а втората е финална рунда и ќе се одржи подоцна.

Вообичаено финалните натпревари се одржуваат во канцелариите на Google во Даблин, Ирска, но оваа години и финалињата ќе бидат организирани на „виртуелна“ локација.

Повеќе информации за HashCode 2021 и за локациите во Македонија може да пронајдете на Facebook страницата HashCode 2021 Macedonia.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии