ИТ Настан: Отворен код со Keitaro

Со мотото Empowerment through open source, интернационалната компанија Keitaro, ве кани на „Think open“, настан за отворен код. Настанот ќе се одржи на 22-ри март во хотелот „Театар“, Битола.

На настанот посетителите ќе имаат можност да го слушнат мислењето на говорниците за многу теми поврзани со отворениот код. Ќе бидат отворени прашања за тоа кои се лоши, а кои се добри страни на работењето со отворен код. Говорниците преку практични примери од реални проекти од различни области, ќе го споделат своето знаење и искуство од светот на отворениот код и отворените податоци.

Засега не е објавена целата листата на говорници, но од Keitaro најавија дека ова ќе се случи наскоро. Досега како говорници се најавени Константин Сиваков и Илче Беделовски, двајцата со повеќегодишно искуство во развој на решенија со отворен код.

Настанот се одржува на 22 март од 18:00 во Хотел „Театар“. Билетите се бесплатни, но поради ограничените места заинтересираните посетители треба да се регистрираат. Повеќе податоци за „Think Open“ може да пронајдете на Facebook страната на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии