ИТ настан: Освојте 2.000 евра на европски натпревар за дигитална комуникација!

Испратете идејно решение преку било каков медиум за тоа како „е-вештини“ можат да помогнат на луѓето да најдат работа, и можете да добиете 2.150 евра за прва награда на натпревар организиран од Европската Комисија. Второто место добива 1.000 евра, и што е поважно, шанса да бидете платени и стажирате до 6 месеци во некоја глобална компанија. Добитникот на првата награда исто така ќе добие и Xbox или Kinect и Lumia паметен телефон од Nokia.

Натпреварот се нарекува „проект Страст“ чија цел е да им покаже на луѓето како да најдат работа преку е-способности во дигиталната ера. На натпреварот можат да учествуваат млади луѓе од 16 до 26 години што живеат Македонија, Албанија, Србија и неколку други држави. Овој настан е дел од кампањата на Европската комисија која треба да ја прошири свеста на луѓето за потенцијалот за вработување во ИТ секторот.

Направете видео, музика, приказна, постер, дигитален дизајн или користете друштвени мрежи кои треба да ги запознае луѓето за можностите на вработување во дигиталната индустрија и може да бидете добитник на една од наградите. Вклучете ги креативните мотори, ставете нови гуми и почнете да мислите како да ја добиете првата награда.

Крајниот рок да се прати идејата е 4 март. Повеќе информации можете да најдете овде

1 коментар на “ИТ настан: Освојте 2.000 евра на европски натпревар за дигитална комуникација!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии