ИТ настан: #ОдТебеЗависи како ќе му помогнеш на твојот град

UNDP заедно со неколку партнери организира настан на кој иновативните идеи ќе се реализираат во прототипи што ќе ги намалат последиците од климатските промени. Во тек е повикот за идеи кој трае до 28-ми февруари, а потоа најдобрите идеи ќе бидат претворени во вистински решенија што ќе му помогнат на твојот град.

Предизвикот #OдТебеЗависи е отворен за сите кои сакаат да помогнат на некој начин, дали со намалување на загадувањето или со подигање на свеста на граѓаните, од кои 60 отсто живеат во урбаните центри, и 30 отсто од нив живеат во Скопје кое е, за жал, застрашувачки загадено. Предизвикот подразбира секакви иновативни идеи, вклучувајќи и употреба на паметни технологии.

„Истовремено, големата густина на населението во градовите овозможува ефикасност и технолошки иновации, со што се намалува потрошувачката на енергија и други ресурси. Во градовите постојат единствени можности, поради кои тие можат да предводат во пронаоѓање решенија за овие проблеми“, се вели на сајтот.

Најдобрите две идеи ќе добијат по 10.000 долари за да го усовршат својот прототип или за спроведување на иновативни кампањи за подигање на свеста. Дополнително, на победниците ќе им биде понудено менторство и поддршка за идентификување на потенцијалните партнери.

Предизвикот е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), Амбасадата на Шведска, USAID, невладината организација MilieuKontakt и Центарот за социјални иновации, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

1 коментар на “ИТ настан: #ОдТебеЗависи како ќе му помогнеш на твојот град

  1. Па многу е лесно бе луѓе доколку ајде не сите жители на Скопје туку половината би си засадиле само една саксија со една најобично зимзелено дрвце од фамилијата елки за една година би добиле барем 300000-500000 зимзелени дрвца за две години тоа би било околу 1000000 а тоа можат да го направат од 7-77 години и не се вадете со тоа дека живеете во стан кој има балкон кон има прозор а за куќите нема оправдание тие со 2-2 мет двор па нагоре!!! Не ви треба смарт идеја туку само желба од 10 минути работа во цела година

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии