ИТ настан: „Од Скопје до Холивуд“, приказната на Fx3x на Weekly Dose of Acceleration

Кристијан Даниловски, ко-основачот на Fx3x, ќе одржи мотивациски говор на Weekly Dose of Acceleration, во кој ќе се обиде да го пренесе своето искуство за успехoт во Холивуд. Fx3x е студио за специјални ефекти од Скопје со над 150 артисти, кое од своето основање во 1997-ма година работеше на куп холивудски блокбастери од кои позначајни се: Life of Pi, Iron Man, Man of steel, Avengers и Captain America: Тhe Winter Soldier. Компанијата е лоцирана во Скопје, а во студиото работат 150 артисти. Fx3x е номинирана за награда Emmy во 2007 година за анимираниот филм Golden Compass.

„Идејата од самиот почеток ни беше да успееме, еден ден да работиме на некој холивудски филм“, вели г. Даниловски кој ќе сподели како е да се успее во несигурна, ризична и многу конкурентна средина. На неделниот Weekly Dose of Acceleration, кој ќе се одржи на 18 јуни од 19 часот во просториите на организаторите NewMan’s Business Accelerator, се поканети сите заинтересирани. Неделните настани се организираат за да ги мотивираат сите претприемачи да започнат свој стартап, и, преку искуства на поискусните, да ги воведат во светот на бизнисот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии