ИТ настан: Startup Festival на плажа во Охрид

На 4-ти септември е закажан стартап фестивал на плажата Лагадин 10 во Охрид. Најавено е еднодневно дружење под мотото „startup from dusk till down” и се поканети сите стартапи и ентузијасти да се дружат со останатите македонски стартапи. Најавени се презентаци на стартапи, вклучувајќи ја презентацијата на Петар Ниновски кој ќе зборува за својот WeLrn кој стартува наскоро, како и едукација на стартапите и „нетрадиционални методи на менторство“.

Настанот е организиран од луѓето зад Startup Weekend Skopje, Startup Grind Skopje, Silicon Drinkabout Skopje и co-working просторот Coffice. Поддржувачи на настанот се: WeLrn, Vertigo, G6, StartQube, Jagermeister, Munus и Girls in Tech Macedonia. Настанот започнува во 20 часот и ќе трае до раните утрински часови „збогатен со забава, убава музика и прекрасно друштво во стартапски стил“.

Билетите се пуштени во продажба. Во цената е вклучен 20% попуст на сите пијалоци за време на настанот, можност да летање со параглајдер и ваучер со попуст за користење на co-working просторот Coffice.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии