ИТ настан: Номинирајте ги омилените сајтови за Сајт на годината 2014

Стартува петото натпреварување за најдобриот македонски сајт. Сајт на годината 2014 започнува со номинации на сајтовите од страна на корисниците, кои можат да одберат омилени сајтови од една голема листа од 19 категории, од најдобро дизајниран сајт до најдобар блог и дури најдобра Facebook страна.

Номинирањето трае до 20-ти ноември, а победниците ќе бидат прогласени на 11-ти декември. Победниците ќе бидат одбрaни од жири кои вклучува актер и музичар, што, да бидеме искрени, не се реномирани експерти во полето на веб дизајнот кои треба да одлучат според шестте критериуми за дизајн, технички параметри, употребливост, содржина, интерактивност и иновативност. Победниците ќе бидат одбрaни и од публиката со 60:40 сооднос жири:публика. Публиката ќе гласа од 21-ти ноември до 5 декември, а потоа ќе одбира жирито. Претходните победници беа Kajgana, Off.net.mk, Republika.mk и многу други .мк сатјвои зависно од категориите. Настанот е организиран од Media Solutions.

2 коментари на “ИТ настан: Номинирајте ги омилените сајтови за Сајт на годината 2014

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии