(текстoт е споделен од Слободен софтвер Македонија)

Останува уште многу малку до крајот на 2011та а како и секоја година така и оваа, при крајот на годината во Берлин се оддржува 28-миот најголем хакерски настан во Европа, Chaos Communication Congress или 28c3. Во периодот од 27-ми до 30-ти декември во Берлин се собираат хакери од целиот свет кои што се занимаваат со развој на софтвер, хакирање на хардвер, компјутерска безбедност, биоинформатика, политика и активизам, физичка безбедност, ласери и роботи, летечки quad-коптери и што уште не. Овогодинешната тема е „Behind Enemy Lines“.

Конгресниот центар во Берлин, каде што се оддржа 27c3

 

Минатата година 10-тина луѓе од хаклабот КИКА беа во Берлин за 27c3 и се вратија во Скопје со многу нови идеи, мотивација и ентузијазам за да направат нешто повеќе за заедницата и хакерската култура во Македонија.

Оваа година не успеавме да отидеме, но ќе се обидеме да организираме No nerd left behind во КИКА. Се работи за настан кој што ќе се оддржува во исто време со 28c3, ќе се обидеме да поставиме 2 live стрима од одбрани презентации од овогодинешниот конгрес во две простории на КИКА. Поентата е да се собереме да се дружиме со кафе, храна и пиво и да бидеме во тек со најновите технолошки достигнувања, хакови и да видиме што од тоа можеме да примениме и во нашата средина со цел да го подобриме општеството во кое што живееме.

Распоред за презентациите што ќе ги стримаме ќе се обидеме да припремиме во текот на утрешниот ден за да знаеме што точно ќе се гледа во која просторија, па потоа ќе го објавивме истиот на блогов.

  • Датум: 27 до 30 декември
  • Место: Хаклаб КИКА, Васил Стефановски 8/1
  • Што е обезбедено: Интернет, кафе, чај
  • Што ви е потребно: Лаптоп, храна, сок, пиво, грицки и сл.
  • Што би ни се нашло: WiMax интернет од Неотел, за бекап опција (доколку некој може да донесе нешто вакво, нека не извести во коментарите на постов или на IRC за да го тестираме и да ја пријавиме IP адресата на организаторите на CCC за да добиеме загарантиран стриминг)
  • Disclamer: Презентациите траат од 12 наутро до 12 навечер, дојдете спремни!

И за крај ве оставам со key note говорникот од минатата година кој што беше еден од луѓето кои барем на мене ми оставија голем впечаток.

Ron Gonggrijp – 27c3 – We come in Peace

[youtube]ALNovMk3fC8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии