ИТ настан: Научете да програмирате на [email protected] 2013

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) стартува бесплатен курс за сите кои што сакат да научат програмирање. Курсот е почетнички, односно за оние што сакаат да се запознаат со програмирањето и немаат претходно предзнаење. Ќе трае пет дена со по три часа активности во кои ќе се предава за основите на програмирањето и дизајнирањето алгоритми.

Целта на [email protected] 2013 е да покаже нов пристап кон програмирањето и да ги мотивира младите да учат да програмираат и да креираат софтверски апликации. Иако курсот е првенствено за студентите на ФЕИТ, факултетот вели дека тој е отворен за сите заинтересирани без разлика на возраста и професионалната одредба. [email protected] 2013 е организиран од Институтот за компјутерски технологии и инженерство при ФЕИТ и наставата целосно ќе биде покриена од наставниот и соработнички кадар на Институтот. Курсот ќе се одвива во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, секој работен ден од 10 до 13 часот почнувајќи од 10-ти до 14-ри септември 2013 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии