ИТ настан: Најдобар македонски сајт за 2012-та е…?

Off.net.mk е прогласен за најдобар сајт за 2012 година на третата по ред годишна манифестација. Сајтовите во неколку категории беа номинирани од публиката, а потоа беше гласано за нив од страна на корисниците (40%) и стручното жири (60%). Наградите Сајт на годината се организира од Media Solutions под покровителство на Амбасадата на Словачка и Здружението за интерактивен маркетинг IAB Macedonia.

Победниците според категорија се следниве:

  • Сајт на 2012-та: Оff.net.mk
  • Најдобар сајт според публика: Fakulteti.mk
  • Најдобар дизајн: Crnobelo.com
  • Најзабавен сајт: Motika.mk
  • Најинформативен сајт: Kurir.mk
  • Најдобар сајт за спорт: Supersport.com.mk
  • Најдобар бизнис сајт: Volkswagen.com.mk
  • Најиновативен сајт: Grid.mk
  • Најдобар сајт за е-трговија: Kupikniga.mk
  • Најдобар невладин сајт: Borka.org.mk
  • Најдобар сајт за образование: ukim.edu.mk
  • Најдобар мобилна верзија: Kajgana.com
  • Најдобар државен сајт: Katastar.gov.mk
  • Најдобар блог: Креативен вомиториум

Честитки до победниците!

12 коментари на “ИТ настан: Најдобар македонски сајт за 2012-та е…?

  1. ОфНет е навистина одличен сајт. Честитки до тимот. За некои од другите, прв пат слушам, нека не ми се лутат. А за вкусовите не треба да расправаме. :-)

  2. „Генијален“ избор!

    Црнобело најдобар според дизајн? WTF!? Веројатно сите од жирито биле слепи – тоа е единственото логично објаснување за ваква хорор одлука.

    А за Курир, Суперспорт и Грид, тука веќе нема никакво логично објаснување. И шлагот на тортата: најдобар сајт бил Оф-нет, за кој 80% од интернет публиката во МК не ни слушнала. БРАВО!

  3. Најинформативен сајт: Kurir.mk
    Најдобар сајт за спорт: Supersport.com.mk
    Најиновативен сајт: Grid.mk
    Овде некој си игра мајтап или или наградиве беа доделени на рандом учесници?

    1. Гевгеличанец има уникатен веб сајт во светски рамки но не беше воопшто заинтересиран да го пријави. Може ќе го убедиме за догодина ;-)

  4. Кога курир е прогласен за најинформативен сајт, а грид за најиновативен знаеш дека крајот на светот навистина доаѓа на 21.12

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии