ИТ настан: Најавена првата македонска конференција за е-трговија

Во организација на Асоцијацијата за е-Трговија на Македонија (АЕТМ) на 26-ти октомври, 2018-та година во хотел Marriott во Скопје ќе се одржи првата годишна конференција за е-трговија на која повеќе од 20-тина домашни и интернационални експерти ќе ги споделат и разменат своите искуства и знаењa.

На првата конференција за е-трговија, која е под наслов “е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија!“, ќе се опфатат и дискутираат четири главни теми:

  • Развој,
  • Плаќања,
  • Испорака и
  • Маркетинг.

Конференцијата ќе биде организирана во 10 клучни говори и предавања, како и 3 интерактивни панел дискусии, а деталната агенда и целата листа на говорници ќе биде објавена наскоро.

Од она што во овој момент е потврдено на веб сајтот на конференцијата:

  • Претседателот на АЕТМ и ко-основачот на Grouper.mk, Нина Ангеловска, ќе биде домаќин на конференцијата и модератор на една од панел дискусиите каде што ќе се зборува за иднината на е-трговијата заедно со претставници на неколку поголеми компании,
  • На тема е-трговија, неколку информации за домашниот пазар и трендовите ќе сподели и Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), г-дин Дамјан Манчевски,
  • Како дел од клучните говорници, најавен е Денис Поточник, еден од пионерите на е-трговијата во Словенија и основач на Kuponko.si, еден од водечките е-трговци на словенскиот пазар. г-дин Поточник ќе сподели повеќе информации и за неговиот нов бизнис околу оптимизација на процесот на онлајн нарачување,
  • Со свој поздравен говор и како говорник ќе присуствува Вања Манова, менаџер за локален развој за македонскиот и бугарскиот пазар во Mastercard, која ќе ги презентира и иновациите од платежниот гигант кои се достапни за овие пазари,
  • Драган Јосифовски, основачот на онлајн маркетот Paket.mk, кој од јануари, 2018 заедно со ЗУР маркети нуди повеќе од 2.000 FMCG артикли на македонскиот пазар, ќе биде дел од панел дискусијата за локалните предизвици со кои што се соочуваат домашните е-трговци,
  • Модератор на дискусијата за платежни системи и темата околу овозможување на инфраструктура за е-трговијата во која ќе учествуваат претставници на банкарскиот сектор ќе биде Дамјан Дано*, ко-основач и партнер на IWM Network,
  • а како водител домаќин на настанот е најавен познатиот актер Сашко Коцев,
  • додека имињата на  преостанатите говорници и членови во панелите ќе бидат обелоденети наскоро.

Генерален спонзор и партнер на конференцијата е Mastercard, а досегашната листа на преостанати партнери и спонзори ги вклучува Фондот за иновации и развој (ФИТР), SwissContact, Marriott хотел, Mccann Скопје.

Планот зад оваа конференција е да ја организира индустријата еднаш годишно на едно место да дискутира за последните случувања на тема е-трговија на локалниот и интернационалниот пазар.

Картите за конференцијата ќе бидат пуштени во продажба од првата недела на септември, а за да ги следите последните најави и известувања, посетете го официјалниот сајт www.ecommerceconference.mk и претплатете се на е-билтен листата.


*Напомена: IWM Network е компанијата во чија сопственост се наоѓа IT.mk, Дамјан Дано е ко-основач и уредник на IT.mk, a IT.mk се јавува и како медиумски спонзор на конференцијата. 

2 коментари на “ИТ настан: Најавена првата македонска конференција за е-трговија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии