ИТ настан: Отворени се регистрациите за Nordeus Hackathon 2015

Image courtesy of Nordeus

Сите гејмери, гејминг ентузијасти, креатори на игри, индивидуално или во тимови имаат рок до 23-ти ноември да се пријават на регионалниот Nordeus Hackathon 2015, закажан за 12-ти декември во Белград.

Тимовите ќе добијат само 24 часа… само еден ден да направат видеоигра од нула на овој маратон, кој стана еден од најинтересните гејминг настани во регионот бидејќи е основан од српска гејминг компанија која покажа дека светот може да се освои и од Балканот; и бидејќи им дава шанса на гејминг ентузијастите од регионот да се натпреваруват меѓу себе.

Хакатонот претставува еден од ретките настани на кои македонските креатори на игри можат да го покажат својот талент. До сега, македонските тимови имаа фантастичен успех на претходните два хакатони на Nordeus. Dark-1 беше победник во 2013-та година, а Edge освои две награди, меѓу кои и награда од публиката, за игра која ја направија за само еден ден. Нивниот успех на регионален натпревар демонстрира дека постојат гејминг таленти во земјава кои заслужуваат поголемо внимание за својата работа во најпопуларниот ИТ сектор.

Што се однесува до организација на самиот хакатон, Nоrdeus, кој се прослави со својата фудбалска симулација Top Eleven со над десет милиони играчи; ќе им обезбеди услови на сите учесници да ја покажат својата креативност и тимска работа во креирање на игри од нула. Српската компанија вели дека целта на хакатонот е да се поддржи регионалната индустрија така што ќе ѝ помогнат да се развие. За почеток, ќе им го платат патот и сместувањето на сите учесници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии