ИТ настан: Награден конкурс за графички решенија против говорoт на омраза на Интернет

Говорот на омраза на Интернет е нешто што го прави онлајн искуството неподносливо, но многумина не се запознаени со штетата која омразата може да ја направи, ниту пак можат да го препознаат тој одвратен говор. За да потикне дебата, фондацијата Метаморфозис стартува награден конкурс за графичко решение за пораки против говорот на омраза на Интернет. Ќе има две награди, од 500 евра која ќе ја додели жирито кое ќе ја оцени идејата и иновативноста, ова решение ќе се искористи за дизајнот на новиот сајт nemrazi.mk и како промотивен материјал против омразата на Интернет; и награда од 200 евра која ќе ја додели публиката.

Ако сте решени да ставите крај на говорот на омраза, ќе може да аплицирате со графичко решение кое ќе има најмалку шест илустрации – една главна на тема „Стоп за говор на омраза на Интернет“, и пет илустрации кои ќе го отсликаат говорот на омраза по национална, расна или етничка основа, или врз основа на религија, сексуална ориентација и политичко и друго уверување.

Рокот за пријавување е до 10-ти мари 2014-та година, а сите илустрации треба да се испратат на [email protected]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии