ИТ настан: „Нацртај свој фонт“ е типографска работилница со Ласко Џуровски

Нацртај свој фонт“ е типографска работилница во склоп на фестивалот за кретивни индустрии Скопје Креатива. Настанот ќе трае три дена, од 16 до 20 септември, на Плаја Виста, а ментор на учесниците е единствениот македонски професионален типограф Ласко Џуровски. Г. Џуровски претходно водеше слична работилница на која беа изработени 12 нови македонски фонтови.

Секој од трите денеови е посебна фаза од креирањето на фонтовите, па така првиот ден рачно ќе се исцртуваат буквите, вториот ден е за Adobe Illustrator и претворање на буквите во векторска графика, а третиот ден е креирање на фонтот со помош на Fontlab Studio. За учество во работилницата е потребно да бидат исполнети неколку предуслови: познавањето на софтверот е главниот услов, па така учесниците мора да имаат барем основно познавање од Adobe Illustrator и Fontlab Studio, а секој учесник ќе треба да дојде со лаптоп компјутер.

Заинтересираните можат веќе да се пријават на Скопје Креатива, а последен рок е 10-ти септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии