ИТ настан: На третиот TEDxSkopje ќе се дискутира за Интернет на нештата

Закажан е трет TEDxSkopje со фантастична тема. Оваа година ќе се дискутира за идејата да се поврзат сите електронски уреди на интернет и да комуницираат меѓу себе, што сега е познато како Интернет на нештата (IoT). Веќе се најавени и три говорници, интересно двајца се со исто име – Игор Стаматовски од Khal и Игор Стаматовски од IBORN.NET. Покрај нив ќе говори и Прахашит Шарма, познат биоинформатичар, признаен на полето поради своите неконвенционални и помалку чудни техники. Игор Стаматовски од Khal, пак е активен софтверски инженер, развивач на апликации со иновативни решенија. Вториот Игор Стаматовски е член на Слободен софтвер Македонија и основач на IBORN.NET.

TEDxSkopje ќе се одржи на 21 ноември, во просториите на ibankStore на Стопанска Банка. Влезниците се бесплатни, но во ограничен број. Конференцијата ќе се состои од две сесии, во кои ќе се одржат презентации во живо од страна на најавените говорници и по една проекција на снимена презентација од TED.

Истовремено е најавен и TEDxYouth настан кој ќе се одржи во сабота во просториите на меѓународното училиште Нoва. На TEDxYouth@NovaSchools меѓу говорниците се музичарката Леана Таќи; Брендан Шултц кој во 2012 година работел во претседателската кампања на Барак Обама; директорката на Младинскиот образовен форум, Дона Костуранова; и други.

2 коментари на “ИТ настан: На третиот TEDxSkopje ќе се дискутира за Интернет на нештата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии