ИТ настан: На TEDxBASSalon во Скопје ќе се дискутира за образованието

TEDxBASSalon организира неколку интерактивни настани кои што имаат за цел да ја соберат локалната TED заедница на едно место, каде што љубопитните умови се собираат да истражат нови идеи и нови начини на размислување. Следејќи ги принципите на познатата конференција TED, односно „идеи што вредаат да се споделуваат“, независниот TEDxBASSalon ве поканува на првата серија на настани каде што ќе се дискутира на тема „Дали едукативниот систем ја убива или ја стимулира креативноста?“ на 30 јули со почеток од 19 часот во просториите на Бизнис Академија Смилевски.

Предводена од страна на група волонтери и со поддршка на Бизнис Академија Смилевски и NGO SmartUp – Creating the geeks of tomorrow, на официјалниот лиценциран настан на TEDxBASSalon ќе се прикажат 2 TED говори од светски познатиот експерт за креативност и образование Кен Робинсон, кој што вели дека се започнува со едукативниот систем кој влијае во создавањето на секој карактер на секој човек на планетата Земја. На настанот ќе се прикажат официјалните видеа на TED: „Do schools kill creativity?“ и „How to escape education’s death valley?“ проследени со панел дискусија со публиката и модерирано од страна на Огнен Јанески.

Учеството е бесплатно, но бројот на места е ограничен, поточно има само 20 места. Повеќе инфорамации за настанот може да се најдат на Facebook.

1 коментар на “ИТ настан: На TEDxBASSalon во Скопје ќе се дискутира за образованието

  1. Bi šakala da prisustuvam na predavanja za ,zasto se vo inte res na mojata nadgradba vo uspješnosti na realizirane na po kreativna nastava vo mojata rabota.Blagodaram,drago ke mi bide da prisustuvam!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии