ИТ настан: На Mobile Monday #19 ќе се дискутира за ИТ бизнис во Македонија

На 2-ри декември, традиционално првиот понеделник во месецот, ќе се одржи 19-тиот Mobile Monday Macedonia, кој како и досегашните настани кои се фокусираа на мобилната технологија, ќе биде за можностите на македонскиот ИТ сектор „коишто произлегуваат од квалитетното техничко знаење на содветните кадри и оперативните трошоци за започнување на ИТ бизнис во Македонија. Дополнително, ќе дискутираме и за бизнис аспектите при водење софтверски компании“.

Гост ќе биде Кристер Линд, експерт за бизнис администрација со повеќе од 15 години искуство во полето на мобилните услуги кој моментално работи во Скопје. Работи и како консултант за бизнис развој, а од ова лето е дел од 5 интересни проекти, кои воглавно се насочени кон привлекување компании и инвеститори во и од Македонија. Тој ќе претстави неколку решенија и успешни примери за надминување на пречките за одржување на дологорчни соработки со странски клиенти. Ќе зборува и за сопственото искуство со инвеститорската култура во странство и како таа може да биде дел од нашата економија.

Како говорници ќе се вклучат и генералниот извршен директор на шведската компанија Opticaller, Матијас Хенсон, како и генералниот извршен директор на YoSpace, Дилип П.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии