ИТ настан: На Mobile Monday #10 ќе се дискутира за Светскиот самит за мобилни апликации

На 4-ти јуни со почеток во 18:30 часот во Клуб на новинари ќе се одржи десеттиот по ред Mobile Monday Macedonia каде Бардил Јашари од Метармофозис ќе презентира и ќе даде подетални одговори за националната селекција на апликации за мобилни телефони кои може да бидат номинирани за учество на Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации.

Метаморфозис ги повикува заинтересираните кандидати од Македонија да пријавуваат свои апликации за мобилни телефони. Пријавените апликации ќе се оценуваат според следните критериуми:

  • Квалитет и опсежност на содржината
  • Леснотија при користење на мал екран: навигација и ориентација
  • Квалитет на дизајнот: естетска вредност на применетата графика, музика и звуци
  • Опсег на функционалности
  • Технички квалитети: изведба, мајсторство, стабилност

Дополнително, апликациите треба да се од стратешка важност за развојот на едно квалитетно информатичко општество, а истовремено да се финансиски пристапни за целната група на која се наменети. При аплицирањето, кандидатите треба да испратат краток опис на апликацијата, слики фатени од процесот на нејзината работа, како и информации за начинот на преземање и платформата за која се развиени.

Сите ентузијасти кои сакаат да добијат можност за учество на Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации да ги испратат потребните содржини и информации за контакт на bardhyl_AT_metamorphosis.org.mk.

Крајниот рок за пријавување е 15 јули, 2012 г.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии