ИТ настан: На Google I/O Extended во Скопје ќе се дискутираза Android Wear, Project Ara и други Google новитети

На 25 јуни ќе се одржи првиот Google I/O Extended во Скопје. Настанот се одржува истовремено со Google I/O во Сан Франциско и останатите Extend настани во целиот свет.

Годинава се очекува Google на I/O настанот да го презентира Google Fit, фитнес платформа која овозможува следење на фитнес податоците. Покрај ова се очекува да дознаеме и повеќе за Android Wear и можна презентација на паметен часовник; модуларниот телефон Project Ara; можеби новитети од Nest или Goggle роботите. Сепак и овој пат најочекуваните презентации се очекува да бидат поврзани со Google Glass и нивната примена. Целта на Скопје Google I/O Extend, во организација на New Men’s Business Accelerator и девелоперите Теди Пејоски, Виктор Стојановски и Митко Цабевски, е на едно место да се соберат сите Google фанови, девелопери, ентузијасти и заедно во опуштена атмосфера да ги изгледаат новините кои Google ќе ги презентира во живо. Присутните ќе можат да споделат мислења, идеи, но пред се да се дружат и забавуваат. Google I/O Extend во Скопје, се одржува во просториите на New Man’s Business Accelerator на 25 јуни со почеток од 18:00 часот.

„Бидејќи сите работи се поинтересни во друштво, ве покануваме на дружење и заеднички да ја проследиме главната “keynote” презентација. Настанот ќе биде од неформален карактер каде што во опуштена атмосфера ќе можеме да ги погледнеме главните новини од Google, да размениме мислења, идеи и секако добро да се забавуваме.“