ИТ настан: На 14-тиот Mobile Monday Macedonia ќе гостува креаторот на Rocketr

Ендру Пик, ко-основачот на Аtatomic, компанијата зад мобилната апликација за тимска работа Rocketr, ќе биде гостин во 14-тиот по ред Mobile Monday Macedonia кој ќе се одржи во следниот понеделник, односно на 28 јануари во 18:30 часот во Клуб ресторанот МКЦ.

Г. Пик нема да зборува само за креирање на мобилни апликации, туку ќе се фокусира за бизнис делот кој ја опфаќа креирањето на платформата, системот и сервисите. Tемата на овој бесплатен настан на кој се поканети сите заинтересирани е „Градење на мобилен бизнис“.

Веб и мобилна апликација за тимска соработка, Rocketr треба да се лансира во април оваа година. Пред овој проект со Atatomic, Ендру Пик работи во Jet Cooper, една од најдобрите дизајн агенции за корисничко искуство во Канада. Таму тој ги советува компаниите во нивните напори за зголемување и проширување на нивните бизниси. Пред Rocketr и Jet Cooper, г. Пик беше директор за развој на корисници во FreshBooks, светски лидер во онлајн платформите за фактурурање за мали бизниси и фриленс работници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии