Наместо на првиот понеделник од месецот како што налага традицијата, дванаесетиот Mobile Monday ќе се одржи на вториот понеделник од месецот, односно на 12 ноември во 18:30 часот во Клубот на новинари. Настанот беше поместен поради преклопување со сесии од Android предизвикот на Vip кој се ближи при крај.
На MobileMonday #12 ќе гостува Стеван Митиќ, креаторот на Windows Phone играта LiquidLab. Интервју со Стеван ќе прочитате на It.com.mk. На настанот Стеван ќе го сподели искуството во процесот на креирање на играта и искуството поврзано со создавање апликации за Windows Phone 8.
Mobile Monday е отворен за сите заинтересирани ентузијасти и професионалци кои сакаат да научат нешто повеќе за мобилната индустрија.
[youtube]WHKWRgXu8Ko[/youtube]