ИТ настан: Mobile AppCamp е шанса за македонските стартапи да добијат 50.000 долари инвестиција

Mobile AppCamp е дводневен настан, закажан за 26 и 27 октомври, каде над 100 програмери и претприемачи ќе имаат можност да учат од експерти од мобилната технологија; да ги изложат своите мобилни апликации пред нова публика и да добијат можност за инвестиција до 50.000 долари од Eleven Startup Accelerator. Ова е втор Mobile AppCamp кој се одржува во Скопје, организиран од ПСМ Фондација.

На настанот ќе гостува Јоџан Стаел вон Холштејн, интернет гуру од Шведска, кој беше предложен за „технолошки пионер“ на Светскиот Економски Форум и медиа иноватор од страна на Forbes. Други гости се Христер Линд, долго-годишен консултат за мобилни апликации и Тодор Брешков, партнер на бугарскиот LAUNCHub акселератор кој инвестираше 30.000 долари во македонскиот стартап Tesseract Interactive.

Право на учество имаат сите програмери и стартапи кои имаат лансирани мобилни апликации или прототипови во изработка. Учеството не се наплаќа, но бројот на учесници е ограничен. Регистрирајте се најдоцна до 18-ти октомври.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии