ИТ настан: МИОА организира натпревар за апликации со отворени податоци

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) објави натпревар за апликации кои ќе користат отворени податоци, обезбедени од државните институции. Околу 150 бази на податоци се објавни на официјалниот сајт otvorenipodatoci.mk, кои можат да се искористат за сервиси што ќе им служат на граѓаните.

Наречен Open Data Hackathon, натпреварот ќе трае од 3-ти до 22-ри јуни кога ќе бидат прогласени победници за најдобра апликација, но и победник со најдобра идеја за отворени податоци кои се уште не се објавени. Рокот за пријавување е 7-ми јули, и идеите од девелопери, компании и стартапи треба да бидат пратени до dimitarg@microsoft.com или a-vademi@microsoft.com за да можат да бидат оценети. На 22-ри ќе има презентација на апликациите кои ќе треба да бидат направени на Windows, Windows Phone и Azure, бидејќи Microsoft е официјален партнер на натпреворот; и ќе треба да се обврзат да ги објават на Windows Store до август 2015-та. Повеќе детали има тука.

Сепак, не треба да се заборави дека натпреварот е само мотивација за да се користат отворените податоци за да се креираат јавни сервиси. Отворени податоци се достапни на сајтот, и како што велат од МИОА ќе продолжат да ги отвараат податоците. Иако проблемот што процесот оди поспоро е што македонските институции работат со хартија, па претварањето на овие податоци разбирливо е поспоро. Но, ако побарате отворени податоци, од ИТ министерството велат дека ќе ги стават барањата како приоритет.

„Во моментов се работи на воспоставување систем бидејќи не можат сите институции да бидат опфатени истовремено. Самото отворање на податоците е процес на кој тим од МИОА работи со ИТ тим од некој орган или институција чии податоци се прилагодуваат во отворен формат за објавување. Но, секако, се оди на приоретизирање на барањата кои се добиваат преку порталот“, велат од МИОА.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии