ИТ настан: Mini Blackberry 10 Jam во Марибор

Балканската група на Blackberry програмери ќе го одржиот првиот Mini Blackberry 10 Jam на 24 ноември во просториите на Факултетот за Електроинженерство и Компјутерски науки (FERI) во Марибор. Mini BlackBerry 10 Jam е прв настан од ваков тип во Словенија и на Балканот.

Најзабележителен гостин ќе биде Арон Ардири кој е Senior Тechnical Еvangelist на RIM. Неговата специјализација е креирање и пренесување на апликации во Playbook OS и претстојниот BlackBerry 10. Тој опширно ќе ја презентира новата еволуција на конструкцијата на паметниот BlackBerry 10 и програмерите ќе добијат шанса да ги тестираат новите модели, да остварат контакт со менторите и предавачите и да увидат колкава е посветеноста на корпорацијата кон програмерите.

На настанот ќе бидат присутни и Лука Филигхеду, искусен RIM Blackberry Developer Evangelist во регионот на Европа, Средниот Исток и Африка, и Денир реумер, надворешен партнер за развој и менаџер на BlackBerry програмерската група во Холандија, специјалист за програмирање апликации во BlackBerry околината.

Сите информации за настанот, предавања и гости можат да се најдат на www.bbdevbalkan.com. Регистрација Mini Blackberry 10 Jam е слободна, но регистрирајте се на време за да обезбедите место!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии