ИТ настан: Microsoft центарот за развој во Србија ќе ги претстави можностите што ги нуди за студенти

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Microsoft Learn Student Ambassadors North Macedonia организира онлајн настан во кој Microsoft центарот за развој во Србија ќе ги претстави можностите што ги нуди за студенти.

Настанот е закажан за 4 ноември и на него заинтересираните студенти ќе слушнат за можностите како пракса и вработување. Презентацијата ќе ја одржи Андреја Ѓорѓевиќ, Business Program Manager – Recruitment.

За повеќе податоци може да ја следите facebook-страницата за настанот. Сите заинтересирани можат да го погледнат онлајн настанот на 4 ноември од 6 часот.


Краток опис за Microsoft Development Center Serbia:

Мисијата на Microsoft е да ги мотивира и охрабри сите поединци и организации на планетата да постигнат повеќе.

Тоа е она што нè инспирира да учиме и растеме секој ден.

Microsoft Development Center Serbia (MDCS) е основан во 2005 година, како четврти центар за развој на Microsoft на глобално ниво. MDCS се специјализира во развој на софтвер и применета математика, во моментов работат повеќе од 250 високо квалификувани инженери.

Тимот MDCS се состои од софтверски инженери со солидно искуство во индустријата и свежо дипломирани студенти со заедничка карактеристика – мотивација за постигнување и правење значително влијание врз светот. MDCS е создаден со мисија да земе активно учество во започнувањето на новите технологии на Microsoft со ангажирање на уникатен локален талент од Балканот, се со цел за придонес на некои од најголемите и најиновативни продукти на Microsoft. MDCS станува широко признат низ Microsoft како центар за иновативност и квалитет во делот на Машинско учење и “Big Data”.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии