ИТ Настан: Максимизирање на вредноста на отворениот код

IT.mk редакција

во ИТ.МК

„Максимизирање на вредноста на отворениот код“ е наслов на првиот од двата вебинари во организација на Keitaro. Презентер на овој вебинар е Марко Боцевски, основач и технички директор на Keitaro. Како што може да се заклучи и од настанот фокус на вебинарот е отворениот код и сите придобивки од работа со отворен код. Сите заинтересирани можат да се пријават и ќе добијат линк на кој ќе може да го следат вебинарот.

Темите кои ќе бидат разгледувани на вебинарот се:

  • Зошто софтверот со отворен код е толку популарен
  • Како компаниите користат отворен код
  • Важноста на заедницата за отворен код
  • Предизвици при користење отворен код
  • Зошто е важна континуираната усогласеност
  • Нови техники на напад
  • Како да заштедите пари и да ја зголемите прецизноста при ревизија на бесплатен и отворен код
  • Иднината на софтверот со отворен код

Првиот вебинар започнува за неколку часови, па побрзате и „резервирајте ги местата“.


Марко Боцевски е главен технички директор и основач на Кеитаро. Пред Кеитаро, неговото искуство се базира на различни ИТ лидерски позиции во глобални организации со силен фокус на потребите на пазарот и клиентите. Со огромно искуство во софтвер со отворен код, клауд решенија, и управување со животниот циклус на апликации, тој успешно го води растот на Кеитаро уште од самиот почеток, во 2012 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии