ИТ Настан: Сакате да правите видео игри? Повелете на Ludum Dare хакатонот во КИКА

Ludum Dare е хакатон во кој се развиваат игри на одредена тема во период од 48 часа. Овој настан за првпат ќе се одржи и во Македонија, поточно во хаклабот КИКА, со почеток во 21:00 часот од петок 26-ти април до недела 28-ми април до 22:00 часот. Детали за настанот во хаклабот КИКА ќе најдете на Facebook.

Овој настан привлекува многу гејминг ентузијасти за развој на игри. Програмерите, кои можат да бидат студенти, хобисти и професионалци од видни студија, можат да работат сами во период 48 часа или да се натпреваруваат во тимови во период од 72 часа. Игрите кои се развиваат на овој настан ќе бидат со отворен код.

„За многу луѓе е тешко да се најде или направи време за изработка на игра или прототип. Ова е вашиот изговор.“, велат организаторите.

Првиот Ludum Dаre хакатон беше одржан во 2002-ра година од страна на Џеоф Хофланд, а до сега се одржани повеќе од 22 редовни такви настани низ светот на кои илијадници програмери се собираат на едно место и во времетраење од два дена нон-стоп работат на развој на игри.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии