[email protected] е летен курс наменет првенствено за идни и сегашни студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) без претходно програмерско искуство, но ќе биде отворен за други заинтересирани без разлика на старост, претходни познавања и професионална определба, секако со одредено ограничување на бројот на слободни места.

Во осум работни денови со три часа активности, слушателите на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на програмирањето и дизајнирањето на алгоритми. Два часа секој ден ќе бидат искористени за предавања, а еден час ќе биде посветен на гостин, од факултетот или од компанија од релевантна област, кој ќе сподели свои искуства од својата досегашна работа и кариера. Целта на [email protected] е да покаже нов пристап кон програмирањето и да ги мотивира сите ИТ ентузијасти да учат да програмираат и да креираат софтверски апликации.

Курсот ќе се одвива во просториите на Факултетот за електротехника и инфоррмациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, секој работен ден од 10 до 13 часот почнувајќи од 13-ти Август 2012 до 22-ри Август 2012 година.

За подетални информации за [email protected] посетете ја веб страната на ФЕИТ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии