ИТ настан: Launchub ги повикува регионалните стартапи на Long Weekend Selection во Љубљана

Launchub најави нов конкурс за стартапи кој ќе трае до 23 март. Тимовите кои ќе бидат дел од Long Weekend Selection, кој е закажан за мај во Љубљана.

Long Weekend е тридневен настан на кој преку менторство им се помага на стартапите во тек на интензивни сесии. Настанот завршува со презентирање на стартапите на потенцијалните инвеститори. Во текот на селекциите ќе бидат одржани повеќе средби во различни градови, први на листата на градови кои ќе бидат посетени се романските Букурешт и Чиснау.

Launchub е еден од двата бугарски стартап акселератори, вториот е Eleven, кои се поддржани со фонд од неколку милиони евра од Европската Унија. Акселераторите сега се отворени и за стартапите од регионот, а досега инвестираа и во два мекедонски стартапи Tesseract Interactive и u:Plug.