ИТ настан: Видео игри и дружење на Global Game Jam во Скопје и Битола

Дружење, програмирање и креативно изработка на видео игри oд нула, за само два дена. Ова во суштина е целта на Global Game Јам, глобален гејминг 48-часовен маратон кој ќе се одржи во разни градови ширум светот истовремено од 24 до 26-ти јануари, вклучувајќи ги и Скопје и Битола. Настанот во Македонија го организира Македонската асоцијација за развивање игри – MAGDA, која во моментот функционира како граѓанска асоцијација водена од ентузијазмот на основачите.

„Идејата позади настанот е да се овозможи организирано место каде луѓе заинтересирани за игри, програмирање или генерално креативна работа поврзана со видео игрите можат да се сретнат, запознаат и да разменат искуства. Во исто време, сакаме да го демистифицираме процесот на креирање игри за младите учесници“, вели Петар Котевски, основач на KamaiMedia и еден од организаторите на Global Game Jam Македонија.

[youtube]vLyN8mSpmdM[/youtube]

Oва ќе биде втор GGJ во Македонија. На првиот се направија околу 30-тина игри, и иако на некои од нив се работи сè уште, ниту една не е довршена. Но, оваа година очекувањата се повисоки бидејќи веќе има пријавено на 100 учесници на двете локации, а проекција е дека бројката ќе достигне и до 250 учесници. Пријавувањето за настанот е сè уште отворено.

„Според нашите сознанија, првиот гејмџем беше навистина успешен во тоа што охрабри доста млади луѓе, но и доста компании кои можеби дотогаш не гледаа на производството на видео игри како модел за остварување добивка. Во моментов во Македонија работат неколку студија чија што примарна дејност е работа на видео игри, а ние ќе продолжиме со промоција на занаетот“.

MAGDA ги поканува сите гејминг ентузијасти, тие со талент и тие со желба да се пријават и да креираат видео игри. Ова опфаќа цртање, моделирање, креирање на музика и анимации и програмирање, за кои не мора да се има искуство. Ќе има награди за најдобрите, иако настанот не е сфатен како натпреварување, туку како промоција на гејминг индустријата. Поканети се и најмалите ентузијасти, тие од школска и предшколска возраст, кои заедно со своите родители можат да бидат тестери на игрите и да научат да прават игри уште од мали нозе.

Повеќе за Global Game Jam Македонија ќе најдете на официјалниот сајт, а ако имате прашања актерот и еден од организаторите Гораст Цветковски има отворено тема за дискусија и прашања на форумот на IT.com.mk.

1 коментар на “ИТ настан: Видео игри и дружење на Global Game Jam во Скопје и Битола

  1. "На првиот се направија околу 30-тина игри, и иако на некои од нив се работи сè уште, ниту една не е довршена"

    Toa ne e bas tocno, bidejki nasata igra bese kompletno zavrsena uste na samiot nastan ;)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии