ИТ Настан: Кој е најдобар гејмер? – Vip Game Fest 2018 со куп турнири

На 22 и 23 декември VIP организира голем гејминг викенд. Ова е еден од ретките вакви настани во Македонија, и секако еден од најголемите, ако не и најголемиот.

Најдобрите играчи ќе можат да ги испробаат своите вештини во куп видеоигри, но и маскирање (cosplay), друштвени игри, брзо местење Рубикови коцки и тон други натпревари. Организаторите ветуваат награди и за учесниците, но и за посетителите. Со оглед на тоа дека настанот е викендот пред новогодишните празници, ова е одлична можност за забава на целото семејство.

Ќе се одржат турнири во Fortnite, Hearthstone, FIFA 2019, Tekken 7; ќе го добиеме најбрзиот возач во Virtual Racer; најдобриот во Magic the Gathering; најдобрата маска на Cosplay натпреварот; како и најбрзите во натпреварот за местење на рубикова коцка.

Настанот ќе се одржи во управната зграда на VIP, а посетата е бесплатна. Сите кои нема да можат во живо да ги следат натпреварите ќе можат да го следат стримот на GG.MK кој е официјален стрим партнер на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии