ИТ Настан: KindHack – добротворен хакатон во Скопје

Symphony Solutions Скопје го организира својот прв добротворен хакатон „KindHack”. Настанот ќе се одржи на 22 и 23 септември во просториите на Symphony Solutions во Скопје.

Сите невладини организации и институции од Скопје и пошироко, кои имаат идеја за проект за кој им е потребнo ИТ познавање, се добредојдени да аплицираат со своите проекти до 10 август.

Хакатонот е одлична можност за сите заинтересирани дизајнери, програмери и софтвер тестери да се соберат на едно место и да создадат креативни софтверски решенија, со цел олеснување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат невладините организации. Сите учесници се поделени во тимови од 4 до 6 луѓе и имаат 48 часа да го решат дадениот предизвик.

Како да аплицирате?

  • Секоја невладина организација која се занимава со решавање на социјални прашања (екологија, образование, рурален развој и сл.) може да аплицира
  • Секоја невладина организација треба да има визија за софтверот кој сака да го развие. Организацијата која ќе биде избрана да учествува, ќе мора да достави детален проект- план, пред почетокот на хакатонот
  • Селекцијата на проекти за развивање на софтверско решение, доставени од невладините организации трае до 20 август.
  • Избраната невладина организација треба да има претставник кој ќе биде присутен за време на хакатонот.
  • Невладината организација треба да прати краток опис за својата организација и посакуваното софтверско решение на следниот линк
  • Рокот за аплицирање е до 10 август.

Повикот за сите заинтересирани учесници (дизајнери, програмери и софтвер тестери) на хакатонот ќе биде отворен на 20 август.

Повеќе детали и информации за настанот може да најдете на Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии