ИТ настан: Како се прави бизнис во Силициумската долина? со Крис Бури

Во понеделник, 25-ти мај во M6 Educational Center во Скопје ќе гостува Крис Бури, директор на US Market Access Center и партнер во Fenox Venture Capital. Г. Бури гостува на покана на NewMen’s Business Accelerator, за да го сподели своето искуство за како е да се работи во култната Силициумска долина.

Според нив, компании кои доаѓаат надвор од САД во Силицумската долина трошат до 2 години и неколку милиони долари за да успеат во Долината, иако на крај дури 80 отсто од обидите завршуваат како неуспех. Г. Бури со неговиот фонд успева да им помогне на 1.200 компании во последните 17 години да успеат во една таква конкуретна средина. Тој ќе зборува за како Силицумската долина е изградена врз преземањето ризик, соработката со другите стартапи и ментори и како да се најде вистинската иновација со која може да се освои пазарот.

Повеќе за цената на билетите, времето, локацијата и деталите од презентацијата ќе најдете на Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии