ИТ настан: Како да стартувате хардверски стартап во Македонија? со Игор Христов од Fueloyal

Додека сите стартапи се фокусирани да креираат софтверско решение за било што, еден стартап започна да креира хардвер. Без изненадување, Fueloyal и нивното паметно капаче за гориво го носат приматот на „најиновативниот македонски стартап“ бидејќи успеаја да направат нешто со неверојатен потенцијал и беа наградени со стотици илјади долари инвестиција. Иако стартапот не е вистински македонски, еден основач е од Хрватска, а бизнисот е преместен во САД каде со своите американски партнери го таргетираат огромниот пазар на камионски превозници, сепак паметното капаче е изработено од Игор Христов, основач на 4Virtus.

Игор ќе го сподели своето искуство на Weekly Dose of Acceleration, неделни стартап сесии организирани од акцелераторот NewMen’s Business. Тој ќе зборува за своите почетоци, за предизвиците со кои се соочил, и како ја донел одлуката да започне свој бизнис и да заплива во немирните води на претприемништвото. Секако ќе се обиде да ги охрабри македонските стартапи да не се плашат од неуспех, и да целат кон глобална доминација. Настанот е закажан за денес, среда 10.02, со почеток во 19:00 часот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии